ОКСФАМ

Прва добротворна интернет-музичка продавница во светот

Во новолансираната интернет-музичка продавница на ОКСФАМ (www.bignoisemusic.com), достапен е избор од 300.000 музички наслови. Купувајќи од овој сајт, автоматски донирате дел од парите за цели, како што е борба против сиромаштијата и сл. Некои музичари, како на пример Колдплеј и Џорџ Мајкл, понудија ексклузивни песни за овој сајт,  давајќи му на тој начин целосна поддршка на проектот на ОКСФАМ. Посетителите на сајтот ќе можат исто така да ја потпишат глобалната петиција на ОКСФАМ, наречена “Биг Ноисе”, со која ги повикуваат владите и светските лидери на фер трговија. Повеќе од 5 милиони луѓе ја поттпишаа петицијата, а меѓу нив има најразлични - од одгледувачи на кафе до влијателни луѓе, како Далај Лама.
                                            

Т.Х.