Европска Комисија

Култура 2000

“Од 1992 година нава­му, откако стана сос­тавен дел на Договорот на Европската Уни­ја, соработката во областа на културата стана нов вид компетенција на заедници­те” – на овој начин е опишан контекстот на културата во рамките на програмите на Европската комисија, што се спроведува преку програмата Култура 2000. Оваа про­грама има цел да ја поттикне и охрабри креативноста и мобилноста на уметниците и културните работници, но и да оствари подобар пристап за јав­носта во оваа област. Потоа, цел­та на програмата е да ја ши­ри културата, уметноста и наследството, да оствари интеркултурен дијалог, како и да ги запознае луѓето од Европа со културите на сите европски народи. Сепак, генералната цел на оваа програма е да соз­да­де заедничка културна сфера преку којашто луѓето ќе се обединат и ќе ги сочуваат националната и регионалната раз­личност.

На веб-страницата на Европ­ска­та комисија њњњ.еуропа.еу.инт можат да се најдат детални податоци за оваа програма, поддршката што ја нуди, како и досегашните и идните активности што ги спроведува таа.       

М.И.