Поради финансиски проблеми во Кичево

Откажано одбележувањето на Свесткиот ден на слепите лица

Кичевското здружение на слепите лица годинава не го одбележа Светскиот ден на белиот стап, кој се прославува како ден на лицата со ваков вид на хендикеп. Според зборовите на претседателот Зендел Зулбеари, причината за неодржувањето на манифестациите се финансиите.

„Секоја година се потешко успеваме да најдеме начин да обезбедиме средства за функционирање на нашето здружение. Оваа година навистина немаме никаква можност да ги собереме ниту нашите членови и скромно да го одбележиме денот”, вели Зулбеари. 

 
Во минатото, кога ова здружение имаше поголема поддршка од заедницата, членовите организираа натпревари во шах и други манифестации на кои покажуваа дека и покрај својот хендикеп, умеат и сакаат да другаруваат. Здружението кое брои стотина лица има барака во која просториите ги делат заедно со Здружението на глувите и наглувите од Кичево, но многу тешко обезбедуваат средства за затоплување на просториите кои, пред с$, се наменети за тоа нивните членови да бидат подолго време заедно, да ги споделуваат своите проблеми, но и да наоѓаат решенија за нив.

МИА