Меѓународен ден на бегалците

“Место наречено дом”

Меѓународниот ден на бегалците, 20 јуни, беше прославен насекаде во светот. Моменталниот број на бегалци во светот денес изнесува 17.093,400, од кои половина се од Азија. Годинешниот слоган “Место наречено дом” се заснова на постојаната надеж на секој бегалец или раселена личност еден ден да се врати во својот дом. Организаците кои работат со бегалци во Европа, како на пример “УНИТЕД фор Интерцултурал Ацтион”, оваа година се фокусираа на реалноста поврзана со бегалците во земјите на ЕУ. Оваа паневропска мрежа против расизмот, која ја  набљудува смртта на бегалците од 1993 г., досега има документирано повеќе од 5.000 смртни случаи во земјите на ЕУ или пак на нивните граници. Токму поради тоа, настаните со кои се обележува овој ден во европските главни градови ја носат пораката за отвореност, толеранција и вклучување на бегалците во општеството.

Т.Х.