Организација на потрошувачите

Како ќе се грееме утре?

Организацијата на потрошувачите на Македонија ја објави брошурата со наслов „Како ќе се грееме утре?“. Во неа, авторот на текстот, д-р Кирил Поповски, ја промовира можноста почвата да се користи како алтернативен извор на енергија за затоплување во иднина, преку користење на стабилната температура во нејзините подлабоки слоеви.

Брошурата е издадена со финансиска поддршка на Германското министерство за економска соработка, преку ГТЗ - Германската агенција за техничка соработка.