НАСТАНИ ЛОКАЛНА САМОУПРАВА ЗДРУЖЕНИЕ ЗА ДЕМОКРАТСКА КУЛТУРА – ТОЛЕРАНЦА
 Слободно присуство на граѓаните во локалната самоуправа

Здружението за демократска култура - Толеранца од Струга неодамна одржа семинар во рамките на проектот „Слободно присуство на граѓаните во локалната самоуправа„, на кој присуствуваа председателите на советите и по три советници на општините Струга, Велешта, Лабуништа и Деллогожда, како и претставници од Министерството за локалната самоуправа и од ДАИ .
Овој проект на Толеранца е финансиран од Институтот за трајни заедници (ИТЗ) и Канцеларијата за демократија и управување, Биро за Европа и новите независни држави, Американската агенција за меѓународен развој УСАИД.
На семинарот се дискутираше за децентрализација на локалната самоуправа, писуството на граѓаните на состаноците на советите на општината и транспарентноста кон граѓаните, потребата за присуство на жената во локалната власт, како и за надлежностите на локалната власт и нејзиното значење  за соработката со граѓаните.
Беше заклучено дека треба да се во новиот закон се дефинира правото на граѓаните да присуствуват на седниците на локалната власт и да учествуваат во дискусиите, да се овозможи зголемено кандидирање на жените во изборите., на локалната власт да и се дадат поголеми ингиренции од сферата на образованието, здравството, урбанизмот и други.
Б.М.

СОЖМ
За повеќе жени во локалната самоуправа

Сојузот на организации на жени на Македонија го спроведува проектот за поголема демократија и повеќе жени во локалната самоуправа. Во рамките на проектот, што ќе заврши на крајот на јули годинава, ќе бидат организирани еднодневно тренинг-семинари. Овој проект се одвива во соработка на СОЖМ и Одделението за рамноправност меѓу половите при Министерството за труд и социјална политика. Целта на овој проект е да се изнесе половата рамноправност како стандардно орудие во формирањето и развивањето на владината политика во локалната самиуправа.
СОЖМ и годинава учествуваше на Летната школа за социјални програми и јакнење на женските невладини организации на УНЕСКО, што се одржа во Солун. На оваа школа, на која учествуваа повеќе женски здруженија од Југо-Источна Европа, се работеше на две програми: социјална програма и програма за јакнење на женските организации.

ОПШТИНА ЦЕНТАР
 Центар за информирање на граѓаните

Под мотото „Граѓанинот не е некој кој ни прекинува во нашата работа, граѓанинот е цел на нашата работа...” на 15 јуни годинава, во просториите на општината Центар во Скопје, беше отворен Центар за информирање на граѓаните.
Проектот беше инициран од општината Центар, а се реализира со помош на Американската агенција за меѓународен развој - УСАИД.
Центарот ќе претставува нов начин на услужување на граѓаните кои ќе имаат пристап до информации со делење совети за решавање на нивните проблеми.
За идејата за основање ваков центар и за нејзиното реализирање свое обраќање имаа градоначалникот на општина Центар, г-ѓа Виолета Аларова и амбасадорот на САД во Република Македонија, Мајк Ајник.
УСАИД вакви центри во последниве пет години има основано и во други земји: 55 во Романија, 13 во Бугарија и 5 во Албанија.
Д.М.


ЛУИС БЕРЏЕР ГРУПА 

 Информативни канцеларии во Тетово и Куманово

Групата Луис Берџер, како организација која спроведува дел од програмата на УСАИД, отвори канцеларии за информирање на граѓаните во соработка со локалната самоуправа во Тетово и Куманово. Овој проект се одвива во соработка со уште една американска организација – ОТИ, Канцеларија за иницијативи во транзицијата. Канцелариите веќе почнаа да спроведуваат медиумски активности, а целта на Групата Луис Берџер е во нив да се спроведуваат о да поттикнуваат иницијативи за развој на заедницата, кои потекнуваат од локалните граѓани и формални и неформални групи.