ЈУБИЛЕЈ
15 години Медиенхилфе
Пред 15 години во Цирих беше формирана организацијата Медиенхилфе, со мисија да работи во бившата СФР Југославија. Кон крајот на ноември 1992 година, група новинари од Цирих организираа голема јавна дебата, на која главната тема беше пропаднатата војна (и пропагандата во војната) во Хрватска, во Србија и во Босна и Херцеговина. По таа дебата, во декември, истата година, група новинари ја формираа „Медиенхилфе – екс Југославија”.
Иако оттогаш оваа организација се промени, и во мисијата и во начинот на работата, продолжи да работи на подобрувањето на улогата на медиумите и нивната одговорност кон општеството, социјалната кохезија, развојот и другите импликации, а особено оние кои се однесуваат на политичката сфера. Во сите овие години, Медиенхилфе беше мошне активна во Република Македонија. Таа ги прошири своите активности и врз државите од Централна и од Источна Европа. Првично посветена на поддршка на медиумите во воени услови, организацијата подоцна се посвети и на помош за медиумите во процесите на демократизација, политичка реконструкција и изградба на граѓански вредности, како и на професионалната соработка и зајакнувањето на новинарите и на медиумите.
|
|