МИКРОПРОЕКТНО ФИНАНСИРАЊЕ
Одобрени 15 проекти
Од 225 пријавени проекти на Конкурсот за доделување грантови за микропроектно финансирање на МЦМС, беа избрани 15: Граѓански комитет за развој – Пробиштип; Здружение за образование, култура, екологија и хуманост „Милениум” – Врапчиште; Здружение на телесно инвалидизираните лица на град Скопје – Скопје; Друштво за заштита на животните „Срна” – Скопје; Асоцијација за граѓанска толеранција и соработка АГТИС – Прилеп; Хуманитарна организација за заштита и помош на стари лица „Живот и надеж” – Скопје; Еколошко друштво „Грашница” – Охрид; Форум на албанската жена – Тетово; Центар на ромската заедница „Дром” – Куманово; Здружение на жените „Визија”, Непроштено – Џепчиште; Центар за култура, комуникација и едукација на Ромите „Светла иднина” – Кочани; Здружение на граѓаните „Бранители на Македонија” – Скопје; Здружение за поддршка на децата и семејствата под ризик „За среќно детство” – Скопје; Здружение на пензионерите на општините Гази Баба, Карпош, Чаир, Куманово, Тетово, Гостивар, Кичево и Струга; и Здружение на жените во полиција – Скопје.
Г. Ш.
|