МАКЕДОНСКИ ИНСТИТУТ ЗА МЕДИУМИ 

Повисоко професионално ниво на медиумите

МИМ - Македонскиот институт за медиуми, формиран неодамна, е фондација која има за цел да го подигне нивото на стручност на новинарите и другите профили кои работат во овој сектор во Македонија. Основни активности на МИМ ќе бидат истражувања и едукација, дообука и тренинзи за луѓето кои работат во медиумите.

Како што велат Жанета Трајкоска, извршен директор на МИМ и Билјана Босиљанова, програм и тренинг координатор, остварена е добра соработка со Факултетот за новинарство во Скопје, со цел да се даваат услуги и логистика на студентите по новинарство.
Се очекува МИМ да добие нов опрема, по што ќе се формираат училници за радио, ТВ и за печатени медиуми.
Покрај едукацијата, Македонскиот институт за медиуми има за цел и да ги координира работите на странските институции. За нередниве неколку месеци, веќе се договорени неколку активности - тренинзи за учество на јавноста, за известување за различностоте, за фото-новинарство и други.
До сега, Македонскиот институт за медиуми има 72 членки, а самиот членува во Мережата на Југо-Источна Европа за професионализација на медиумите, чии иницијатори се Институтот Отворено општество од Будимпешта и Данското министерство за надворешни работи. МИМ остварува блиска соработка и со Данското училиште за новинарство, како и други институции кои работат во областа на медиумите.