Свет по мерка на животните - да, се разбира!

Но, дали е таков и за луѓето?

На истиот аеродром постои уште еден центар од различен тип. Тоа е хотелот за животни на компанијата за транспорт КЛМ. Цитирајќи напис од интернет-страницата на КЛМ, овој хотел е најголемиот и најмодерен на светот, специјално наменет за привремено сместување и грижа за животните пренесувани преку КЛМ. Хотелот за животни е единствен од тој тип во светот раководен од страна на авиокомпанија. На сите животни им е дозволено да јадат, да пијат и да се релаксираат пред летот. Специјално обучени лица се грижат за животните во удобна и пријатна средина. Хотелот за животни, кој работи 24 часа на ден, се придржува до строгите критериуми за квалитет и хигиена. Пред да се транспортира кое било животно, лицата што се грижат за него мораат да поседуваат исправни патни потврди.

Текстот на страницата продолжува: “КЛМ пренесува повеќе од 4.000 кучиња и мачки годишно насекаде во светот, некои од нив одат на одмор со своите сопственици, а останатите се селат во некоја друга земја. Кучињата и мачките се транспортираат во специјални кучкарници (кафези) направени од пластика, со метални врати. Кучињата и мачките се сместуваат во посебен дел од авионот. Температурата во тој дел постојано се контролира со цел на животните да не им е ниту претопло ниту преладно. Важно е да се истакне дека овие кучкарници (кафези) се доволно големи да можат миленичињата во нив да стојат, да седат, да се вртат и да лежат без проблем. Со тоа, на миленичињата им се обезбедува пријатен лет. Ги советуваме сопствениците да му дозволат на своето куче или маче да се навикне на кучкарникот (кафезот) со тоа што ќе го остават да спие, да јаде или да пие внатре. Со тоа ќе бидете сигурни дека на животното му е попријатно за време на патувањето, бидејќи тоа е веќе навикнато на кучкарникот (кафезот)”

Дали е ова нормално? Дали е ова во ред?

Каков е овој свет? Дали е ова светот во којшто сакаме да живееме?


Дали е нормално една авионска компанија да стори с$ за да врати едно вознемирено маче назад во своето семејство оддалечено илјадници километри во прва класа, очигледно загрижени дали мачето ќе се врати дома безбедно, додека државните власти можат со мирна душа и без никаква грижа на совеста да затворат петгодишно девојче цели два месеци со сосема непознати лица, пред да ја депортираат во ‘непознатото”, како воопшто и да не се грижат каде би завршила?

Дали е ова “нормалното” што го бараме?

Дали е в ред тоа што Емили, која немала виза да влезе во Франција, добива специјален третман во прва класа и го привлекува вниманието на светските медиуми, додека Табита, која исто така на поседувала виза, прво е затворена, а потоа вратена назад сама?

Дали е в ред тоа што голем број организации за правата на животните добиваат многу повеќе финансии од организациите што ги бранат човековите права? Дали тоа значи дека луѓето повеќе сочувствуваат со маката на животните, отколку со маката на човечките суштества?

Дали е нормално тоа што луѓето се затвораат во места како Гвантанамо беј и Абу грејб, морајќи да го трпат лошиот третман и мизерните услови за живот, додека некои животни уживаат живот во хотел со пет ѕвездички, дури и ако Хотелот за животни на КЛМ е само еден бизнис-потфат?

Можеби Белгијците и другите државни власти би требале да го применат примерот на програмата Петсејф (ПетСафе) на Континентал ерлајнс и на Хотелот за животни на аеродромот Шипхол.

Не ме сфаќајте погрешно. Јас не сум против правата на животните. Напротив, јас ги застапувам правата на секое живо суштество. Фактот дека некои групи луѓе ги третираат животните со толкава доза на хуманост е за пофалба. Но, она што го презирам е тоа што една друга група луѓе може да се одрече од истото ниво на хуманост кога треба да им излезе в пресрет на човечки суштества.

Она што јас го барам е човечките суштества и животните да уживаат барем еднакви права. Личи на фарса, ваква една изјава воопшто и да се даде.