Визија
Визијата ја објаснува посакуваната слика на реалноста. Таа презентира подобрено сценарио за целните групи на организацијата, кон кое се стреми и на што истата работи. Таа дава јасен и позитивен облик на иднината на организацијата и придонесува кон подобрување на имиџот. Таа помага членовите на организацијата да можат да им објаснат на другите „зад што застанале” и што можат луѓето да очекуваат од нив.

Јасно дефинираната визија на сите членови, волонтери и вработени во организацијата им дава чувство за значењето на задачите што тие ги извршуваат и делува како јак мотивирачки фактор. Таа креира јако заедничко чувство „ние”, што ги мотивира луѓето да ја вложат целата своја енергија во она што го работат.

Визијата & дава на организацијата сила да ги поднесе сите потреси и кризи. Кога ќе се појават турбуленции во контекстот, визијата помага, затоа што претставува јасен правец кон кој се стремиме. Таа овозможува луѓето да се справат со сите сомнежи и несигурности.

Визијата е динамична и се менува во зависност од потребите на целната група и околината во која организацијата работи.

Мисија
Мисијата на една организација претставува формулирана и разработена визија на организацијата. Мисијата ја презентира целта на организацијата, причината за нејзиното постоење, го објаснува главниот пристап, објаснува што сака да постигне организацијата и со кои средства.

Изјавата за мисијата на организацијата треба да биде јасно дефинирана и да биде прифатена од сите кои се поврзани со организацијата: членовите, одборот и персоналот. Изјавата за мисијата треба да создаде чувство на заедничка идеологија и заеднички вредности. Мисијата & дава насока на организацијата. Добрата мисија укажува што би требало организацијата да прави, а што не би требало да прави.

Организацијата треба периодично да ја ревидира својата изјава за мисијата, за да биде сигурна дека истата е релевантна и дека соодветно објаснува зошто организацијата постои.

(преземено од материјали за обука на Menagement for Development Foundation i International Youth Fondation)