УНИЦЕФ
Пораст на сиромаштијата кај децата во богатите земји
На 1 март 2005 година УНИЦЕФ издаде извештај во кој се вели дека процентот на децата кои живеат во сиромаштија се зголемил во 17 од 24-те испитани индустриски земји. Изненадувачки, САД, со 21,9% сиромаштија кај децата, се најдоа на дното на листата, заедно со Мексико (27,2%). Помеѓу земјите од Европската Унија, намалувањето на сиромаштијата кај децата е забележано само во Францција, во Грција и во Велика Британија. Италија (16,6%), Ирска (15,7%) и Португалија (15,6%) се земји со највисока стапка на сиромаштија кај децата во Европа. Од друга страна, на скалата на сиромаштија се наоѓаат нордиските земји. Данска е на врвот со само 2,4%, а по неа следува Финска со 2,8% стапка на сиромаштија кај децата, како резултат на капацитетот на владата да инвестира во социјалните трошоци на одржлив начин.
|