календар
2 ФЕВРУАРИ
Ден на водните живеалишта
Водните живеалишта, еден од важните системи за еколошката рамнотежа на нашата планета, се загрозени. Многу птици, риби и друг жив свет остануваат без простор за живеење поради нивното исушување или загадување.
19 ФЕВРУАРИ
Промоција
Промоција на публикациите: „Јавниот интерес и граѓанските организации”, „Економски активности на граѓанските организации”, „Социјални услуги и самофинансирачки активности на граѓанските организации”. Промоцијата ќе се одржи во х. Континентал, а ја организираат МЦМС и ЦИРа.
22 ФЕВРУАРИ
Ура за извидниците
Светскиот ден на извидничкото движење е момент да се потсетиме за улогата на ова движење, едно од најмасовните и најстарите во светот.
22-24 ФЕВРУАРИ
Семинар за справување со конфликти и лидерски вештини
Центарот за менаџмент на кризи организира напреден семинар за справување со конфликти и лидерски вештини. Семинарот е дел од проектот “Победи го непознатото – запознај ги другите!”
28 ФЕВРУАРИ
Промоција
Промоција на публикациите: „Соработка на локалната самоуправа со граѓанските организации” и „Прирачник за граѓански дијалог на Балканот”. Промоцијата ќе се одржи во х. Континентал, а ја организира МЦМС.
|
|