Фотоконкурс
Коридор 8 - Културната врата на Европа
Во рамките на реализацијата на меѓународниот проект “Коридор 8 - соработка над политиката”, Младинската мрежа на југоисточна Европа, претставена од Младинскиот културен центар- Битола и Балканската мрежа за човекови права, претставена од Асоцијацијата за демократски иницијативи, објавија конкурс за уметничка фотографија во слободен формат.
На него можат да учествуваат сите граѓани на Македонија со навршени 18 години. Единствен услов е делата да го интерпретираат културното значење и различноста на земјите по трасата на Коридорот 8 (Бугарија, Македонија, Албанија), како културна врата кон Европа. Фотографиите (на гланц хартија, црно-бели или во боја во 4 примероци) + краток текстуален опис (до 200 збора) и името на авторот со информации за контакт, треба да бидат испратени по препорачана пошта на адреса:
Младински културен центар - Битола, ул. Цар Самуил 29, Битола 7000 Македонија Со назнака: За фотоконкурс.
Конкурсот е отворен заклучно со 20 октомври 2007 година.
Повеќе информации за конкурсот на: мкцбтЖмт.нет.мк и њњњ.балкан-ѕоутх-цлуб.орг а за Коридорот 8 на: хттп://њњњ.сецретариат-цорридор8.ит
К.Б
|
|