Албанија

Нов проект за Ромите во Елбасан

Институтот за хабитат и развој Ко-план (Институте фор хабитат Девелопмент - Цо-План) годинава започна проект посветен на Ромите во албанскиот град Елбасан, финансиран од холандската организација Кордеид (Цордаид). Целите на проектот се интеграција и подобрување на условите на животот на ромската заедница во градот, а истиот ќе биде спроведен и во околината. Проектот е продолжение на експертизите на Ко-план во незаконските градби на брегот на реката, реализирани во периодот од 1995 до 1998 г., во Баторе-Камза, од 1999 до 2004 г. и во зоната на мочуриштето на Драч, од 2004 до 2007 година. Заедницата и локалната власт ќе имаат еден постојан партнер за урбаната и социјалната интеграција на овие периферни населби.        

Г.Ш. извор: онењорлд