7 Март - Денот на учителот

Граѓанските организации во поддршка на образованието

Веќе неколку години во Македонија, Албанците го слават 7 Март - Денот на учителот. На овој датум, кон крајот на ЏИЏ век, беше отворено првото училиште на албански јазик.

По повод овој ден, симболично, на почетокот на школската година повеќе граѓански организации организираат собирање школски материјал за учениците кои се наоѓаат во тешка материјална состојба. Општо гледано, состојбата на образо­ванието во Македонија се наоѓа на незавидно ниво, без разлика на кој јазик се одвива. Условите во коишто се развива албанското образование исто така се многу тешки, особено во училиштата во руралните населби, каде не само што недостасуваат елементарните училишни средства за работа, туку недостасуваат и простории. Во многу случаи, учениците тре­ба да одат на настава во три смени и со скратени часови. Наставниците и ден денес продолжуваат да одат пешки по неколку ки­ло­метри, за да стигнат до училиштата коишто се наоѓаат во планинските населени места.

Друг проблем со којшто се соочуваат училиштата, а и учениците, е недостигот на фондот на книги. Учениците, кои потекнуваат од сиромашни семејства, на почетокот на школската година се соочуваат со проблемот на обезбедување училишни книги, па така или ќе ги купат на старо или ќе си ги позајмуваат од постари роднини. А, како тие ученици ќе си дозволат да си купат некоја книга која би сакале да ја прочитаат?

 

Ел хилал во образовни мисии

Веќе трета година Хуманитарната организација Ел хилал, во рамките на нејзините програмски активности, ја спроведува акцијата за дистрибуција на книги, по повод 7 Март - Денот на учителот. Оваа година беа дистрибуирани околу 2.000 книги и други публикации за десет училишта на целата територија на Македонија. Книгите за оваа активност, која стана веќе традиција, се обезбедени од 9 издавачки куќи, кои позитивно одговорија на барањето на Ел хилал, додека еден дел од книгите организацијата ги обезбеди од свои средства. Како што ни кажаа од организацијата, во годинешнава активност книгите беа подарени во регионот на Скопје, и тоа во основните училишта “Ибе Паликуќа” во Бојане, “Скендербег” во Арачиново, “Наим Фрашери” во Студеничане, “Никола Вапцаров” во Скопје, како и во Гостивар, во Куманово, во Битола и во Велес.

Околу пладне, на 6 март, се упативме заедно со активистите на Ел хилал кон нашата прва цел, Основното училиште “Скендербег” во Арачиново, каде требаше да им бидат подарени книгите. Учениците љубопитно се вртеа околу нас за да видат што носиме. Во училиштето н$ пречека директорот на училиштето кој изрази голема благодарност за помошта во книги.

Агуш Абази, библиотекар во училиштето, ни кажа дека фондот на книги е некаде околу три илјади. До Министерството за образование упатиле барање за книги, но до ден денес с$ уште не добиле одговор. Така, минатата година со иницијатива на родителите и на учениците купиле книги за училишната библиотека.

Оттука заминавме за Студеничани. Ја поминавме населбата Драчево, па по еден планински пат стигнавме до селото. По тесните улички ги забележавме учениците, со чантите на грб,  кои веќе завршиле со наставата. Стигнавме пред училишниот двор, каде што н$ чекаше активистот на Ел хилал од Студеничани. Иако врнежливо, на стадионот на училиштето забележавме неколку ученици како си играат со топка, како да не им пречеше дождот. Влеговме во канцеларијата на наставниците. Првото што ми падна в очи, беше ќумбето на дрва.