Александар Тодоровски

Волонтирањето е ЗАКОН !!!


Професионално искуство
Студент на Машинскиот факултет, отсек индустриски менаџмент.

Ангажирање во граѓански сектор
Осумгодишно искуство во Младинскиот културен центар - Битола, најпрво како волонтер, додека последниве неколку години работам како лице задолжено за меѓународни волонтерски размени.

Хоби и интереси
Сурфање на интернет.

Најтешка одлука
Па, досега не сум имал некоја тешка одлука која би можел да ја издвојам.

Амбиции
Моите амбиции се насочени кон збогатување на моето искуство во невладиниот сектор, а секако, тоа значи, по завршувањето на мојот факултет, мое доусовршување надвор од границите на Македонија во областа на невладиниот менаџмент.

Во слободното време чита:
Па, секако читање, проучување на материјалите, студии, билтени, сe поврзано со моите амбиции за унапредување и издигнување на високо ниво на комуникациските односи. Секако, понекогаш кога имам повеќе слободно време сакам да прочитам и некоја добра книга.

Каде оди во слободното време
Па, преку работните денови во слободното време, кое скоро и да го немам, максимално го користам за спортување и посета на некое кафуле со пријателите.

За време на викендите
... Скоро секогаш практикувам пиење кафе на Широк сокак со пријателите со разговор на тема што ќе исполни и релаксира, додека другиот дел од времето се трудам да го посветам на семејството и семејните активности.

Кој национален/локален проблем го смета за особено важен и зошто?
Сe уште многу работи во државата не се јасни. Како и да е, секој граѓанин, млад или стар, има одговорност да знае што се смета за „илегална постапка” во општеството. Треба да се дејствува цивилизациски. Потребни се поголеми заложби за јавно објавување на законите и поддржување на секој легален политички напор за намалување, појаснување и кодификување закони. Дражавата и Владата треба низ своите канали да удрат на сe што е илегално. Секој да се држи на начелото дека секој човек е еднаков пред законот.

Кој глобален проблем го смета за особено важен и зошто?

Во поголем дел од светот, сe уште тешко се патува, присутно е насилството, тиранијата, им се дозволува на безумните и злобните луѓе да можат да приграбат моќ на власт и да ја користат за сопствени интереси.

Што би променил/а во Македонија и во светот?
Па би ја променил свеста кај луѓето. Секој да работи напорно за благосостојба на сите, а не за некоја посебно заинтересирана група.

Совет/порака
Волонтирањето е ЗАКОН!!!

Никогаш не би можел/а

Па, никогаш не би можел да поднесам неправда.