Презентиран проектот „Детско село- Мариово“
Уметноста го враќа животот во напуштениот крај
„Детско село-Мариово“, е насловот на проектот што на почетокот на октомври беше промовиран во Битола, од страна на хуманитарната организација „Самарјанин“, Граѓански патеки и општината Старавина. Истовремено е одржана и аукција на слики од италијанска уметничка Лаура Симоне.
Фондот од продадените дела ќе биде дониран во изградба на детското село кое треба да претставува иден дом за 40 деца без родители. Селото ќе биде лоцирано во близина на Градешка Река, позната и како Камена Река, во близина на црквата „Свети Димитрија“ од 15-тиот век.
Три дела од Лаура Симоне ќе им бидат подарени на американскиот амбасадор Лоренс Батлер, на претседателот Борис Трајковски и на Германската амбасада во Македонија, заради нивниот особен интерес за развој на Мариово.
Д.М. |