Студија на ИРЕКС
Ниска оценка за професионализмот во новинарството во Србија
Во својата најнова студија за одржливоста на медиумите, ИРЕКС (Меѓународен борд за истражување и размена) ниско го оценува професионализмот на медиумите во Србија, во поглед на квалитетот на известувањето, како и во поглед на етничкиот стандард. Се забележува одредено подобрување во фер и објективното известување како резултат на подобрата обука која конечно почна да дава резултати. Сепак, новинарската етика беше доведена во прашање на панел-дискусијата на која беше посочена појавата на голем број таблоиди, како на пример “Курир” и “Национал”, кои не ги почитуваат и ги прекршуваат сите морални стандарди и правила. За повеќе информации, посетете ја страницата http://www.irex.org/media.serbia/media.asp.
Т.Х.
|