ЕАР Поддршка на борбата против фалсификувањето и пиратеријата во Македонија
Иако Македонија има спроведено импресивен број регулаторни мерки во својата законска рамка со цел да се синхронизираат истите со ацљуис цоммунитаире во областа на заштитата на правата на индустриската и интелектуалната сопственост, сепак, спроведувањето на заштитата с$ уште не е на задоволително ниво. ЕУ, преку својата агенција за имплементација, ЕАР, состави тим на локални и меѓународни експерти кои заедно со претставниците на соодветните државни тела работеа на развојот на функционална алатка за борба против фалсификувањето и пиратеријата.
Речиси за неполна година (септември 2005-јули 2006) тие изработија електронски поврзана информативна платформа „Инфраструктурна рамка за заштита на правата на индустриската сопственост”. Истата овозможува активна врска и развој на бази на податоци во рамките на релевантните национални тела. Таа претставува основен технички предуслов за непречена и навремена соработка, споделување и размена на информации за ефикасно спроведување на заштитата на правата за индустриска сопственост (главно трговски марки, патенти и права за индустриски дизајн) помеѓу релевантните национални авторитети, како што се Заводот за индустриска сопственост, Министерството за внатрешни работи, царината, Јавното обвинителство, Јавниот пазарен инспекторат и судовите. За повеќе информации, посетете ја следната веб-страница: www.ear.eu.int/news/news.htm.
З.В.
Соседска програма Заштита на природата, валоризација на културното наследство
Крајната цел на соседската програма – Грант-шема за заштита на природата, валоризација на културното наследство и соработка помеѓу јавните институции на регионално/локално ниво, Бугарија/Македонија, чиј краен рок за аплицирање е 21 септември, е промоција на заштитата и валоризација на биодиверзитетот и културните ресурси, со цел да се осигура одржлив развој во меѓуграничниот регион.
Документите за апликација се достапни на: www.mrrb.government.bg или www.npgrants.info; ww.ear.eu.int, или www.sep.gov.mk. За повеќе информации: http://ec.europa.eu/comm/europeaid/tender/data/d79/AOF68279.pdf, http://ec.europa.eu/comm/europeaid/tender/data/d80/AOF68280.pdf или http://ec.europa.eu/comm/europeaid/cgi/frame12.pl.
З.В.
Оглас за работа Специјалист за извршување судски одлуки - Србија
Емергинг маркет груп (ЕМГ), независна компанија во соработка со Делоит тач тохматсу (Делоитте Тоуцхе Тохматсу), обезбедува развојни консултантски услуги во рамките на активностите финансиски поддржани од донатори како што се УСАИД, ДФИД, ЦИДА, МЦЦ, Европската комисија, Светската банка и Глобалниот фонд за СИДА, туберколоза и маларија.
Во моментов, ЕМГ има потреба од специјалист за извршување судски одлуки за тековниот проект за стечајна постапка во Србија, поддржан од УСАИД. Идеалниот кандидат треба да поседува искуство во извршување одлуки и поддршка на правата на кредиторите, вклучително и обука за судски помошници и развивање на процесите за подобрување на процедурите за извршување на судската постапка. Специјалистот за извршување треба да има искуство во трговско право, вклучително и стечајна постапка. Потребно е претходно искуство од земји во развој или економии во транзиција. Кратка биографија може да се испрати на рецруитментЖемергингмаркетсгроуп.цом, а во просторот за предмет (субјецт лине) да се наведе дека се работи за специјалист за извршување, со цел да се добие навремено разгледување на апликацијата. За повеќе информации: http://www.eurobrussels.com/eb_link_frame.php?link=http://www.eurobrussels.com/ourjobs/emg2.htm
З.В.
|
|