Q & A



 
„Дали црквите и верските заедници се дел од граѓанското општество?”

Ако со тоа се мисли на верските заедници на небеските религии (јудизмот, христијанството и исламот) - секако да.

 Како што е познато, во своето духовно, божествено битие Исламската верска заедница не е од светот, туку е во светот и со него го споделува својот историски од во времето. Првата битна мисија на оваа заедница е натпиродна а не природна, бидејќи таа мисија и задача е спасението на човечките души, но и на целиот човек, а не изградбата на човечкото општество. Според тоа, таа битна мисија на Исламската верска заедница нема ништо директно со општествената и со политичка сфера од која нејзината мисија јасно се разликува и се дистанцира.

Од друга страна, по својата натприродна цел и одредување човечката личност коренито го трансцендира општеството, но на природното ниво човекот на еден начин е негов дел. Без разлика, колку и да е субординиран на сe што е натприродно, мисијата на изградба, оплеменување и хуманизација на човечкото или граѓанското општество е мошне значајна, повеќе од потребна и дури и неизбежна задача и цел, за кои сите нејзини членови, а особено муслиманите верници или верниците воопшто, секој на свој начин и на своето место, според своите можности и способности – треба поединечно и колективно да го дадат својот придонес. За таа цел и Исламската верска заедница не само што може, туку и сака да го даде својот придонес. Таа тоа го правеше и во минатото, а истото го прави и денес, кога можеби повеќе од кога и да е е повикана на свој посебен начин што повеќе да дејствува во општеството низ своите членови, а притоа да не се впушта во политичкото подрачје, нити да дозволи непримерно да се вовлече во политичките настани и во никаква политичка активност, бидејќи таа според својата мисија е натполитичка. Токму поради оваа причина и политиката која игра посебна улога не треба да очекува од верските заедници да се политизираат.

За реализирање на горенаведените цели, на верските заедници треба да им се вратат имотите и да се обезбедат неопходните социјални осигурувања за нивните службеници. Нема ништо подобро од служењето на Бога.

Исмаил Бардхи
Декан на Факултетот за Исламски науки - Скопје