13 февруари - 30 март

Обуки за развој на женски НВО

Во рамки на Женската програма и Про­грамата за граѓанско општество на ФИООМ, во  соработка со Акција здруженска, во текот на февруари и март ќе се одржат серија двомодуларни обуки наменети за женски НВО. Обуките се одржуваат во следните периоди: 13-16 февруари, 20-23 февруари, 27 февруари - 3 март, 13-16 март, 20-23 март и 27-30 март, во Охрид.

Целта е надградба на вештините и знаењата на женските НВО за моделите на функ­ционирање и за рамката на функ­ци­онирање на НВО, како и за улогата и начинот за подобрување на положбата на жените во Македонија.