ПРОАКТИВА

Билтен ...

Здружението „Проа­кти­ва“ почна да го из­дава Билтенот, чиј прв број излезе во јануари.
Билтенот обработува со­држини за промоција на об­но­вливи енергетски извори, енергетска ефи­кас­ност и мониторинг на МФИ, а содржи инфор­мации за тековните активности на Про­актива.
Специјален додаток на ова издание е прет­ставувањето на Стратегијата за поддршка на земјата која се изготвува од страна на Светската банка. Билтенот излегува еднаш на два месеци, а Проактива го издава самос­тојно (од свои средства).
Пе­ча­тената верзија има тираж од 100 примероци и се доставува низ Македонија, а електронската верзија ќе може да се најде и на веб-страницата на Проактива, како и на листата на еконет.

 
... И “Иднината е обновлива”

„Проактива“ ја издаде брошурата под наслов „Иднината е обнов­ли­ва“, во рамките на про­ек­тот „Младите за се­гаш­носта и иднината“, поддржан од Институтот за трајни заедници, кој се реализираше во со­работка со здру­женијата „Биосфера“ – Битола, „Планетум“ – Струмица и „Китка“ – Скопје.
Во брошурата станува збор за еколошко-енергетската состојба во Македонија, обновливите енергетски извори, кли­матските промени, енергетската ефи­касност и заштедата на енергија и други аспекти од оваа тема.