Босна и Херцеговина
Барање промени во Законот за спречување на семејното насилство
Глобал рајтс (Глобал Ригхтс), заедно со 199 граѓански организации, како и поединци од Босна и Херцеговина, предложија членовите и ставовите на Законот за спречување на семејното насилство кои се однесуваат на третманот на семејното насилство како ситен прекршок да се избришат од текстот на законот. Ова се само некои од коментарите на предлог-законот за спречување на семејното насилство и Законот за семејство, поднесени до Парламентот на Федерацијата на Босна и Херцеговина. Глобал рајтс и нивните партнери нагласуваат дека со години го промовираат донесувањето на законот за спречување на семејното насилство и бараат оваа форма на насилство да има третман на кривично дело. Во соопштението се додава дека Законот за полова рамноправност јасно истакнува дека извршителите на сексуално или полово насилство или малтретирање ќе подлежат на законите за извршување кривично дело и ќе се соочат со затворска казна од 6 месеци до пет години.
Г.Ш.
|