Македонски центар за меѓународна соработка
Награда за одржлив развој "Херт Јан ван Апелдорн" Јавен конкурс
Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) распишува јавен конкурс за доделување на Наградата за одржлив развој "Херт Јан ван Апелдорн".
Наградата за одржлив развој "Херт Јан ван Апелдорн" се доделува заради поддршка на граѓаните и организациите кои дале посебен придонес во локалните и националните иницијативи за одржлив развој во Македонија. Наградата за одржлив развој "Херт Јан ван Апелдорн" се доделува за долгогодишен придонес и за постигнување во претходната година. Наградата се состои од диплома и парични средства. Наградата се доделува на: поединци, групи и заедници и организации. Предлогот за наградата се поднесува во образец за предлог за Наградата. Кон предлозите се приложуваат и прилози кои ја поддржуваат кандидатурата и со/од кои може да се верификуваат достигнувањата: публикации, билтени, извештаи и сл. Јавниот конкурс ќе биде отворен од 1 до 30 март 2001 година.
--------------------------------------------------------------------------------
Пријавите се поднесуваат на адресата: Македонски центар за меѓународна соработка, ул. Никола Парапунов бб, 1000 Скопје. Подетални информации можете да добиете во МЦМС на тел. 02/365-381. Предвид ќе се земат пријавите доставени до 30 март 2001 година во 16 часот. Македонски центар за меѓународна соработка
Награда за граѓанско општество и демократија Јавен конкурс
Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) распишува јавен конкурс за доделување на Наградата за граѓанско општество и демократија. Наградата за граѓанско општество и демократија се доделува заради поддршка на граѓаните и организациите кои дале посебен придонес во локалните и националните иницијативи за развој на граѓанското општество и демократијата во Македонија и тоа за: граѓанско општество, демократија и добро владеење, човекови права и решавање конфликти.
Наградата за граѓанско општество се доделува за долгогодишен придонес, постигнување во претходната година и за јавност и информирање или соработка. Наградата се состои од диплома и парични средства. Наградата се доделува на: поединци, групи и заедници и организации. Предлогот за наградата се поднесува во образец за предлог за Наградата. Кон предлозите се приложуваат и прилози кои ја поддржуваат кандидатурата и со/од кои може да се верификуваат достигнувањата: публикации, билтени, извештаи и сл. Јавниот конкурс ќе биде отворен од 1 до 30 март 2001 година.
--------------------------------------------------------------------------------
Пријавите се поднесуваат на адресата: Македонски центар за меѓународна соработка, ул. Никола Парапунов бб, 1000 Скопје. Подетални информации можете да добиете во МЦМС на тел. 02/365-381. Предвид ќе се земат пријавите доставени до 30 март 2001 година во 16 часот.
|