Хрватска
Карловачките антифашисти против националистичките графити
Карловачкиот одбор за човекови права и Сојузот на антифашистичките борци и антифашистите на Карловачката жупанија, на Денот против фашизмот и антисемитизмот преобоиле неколку графити на зградите каде бил содржан говорот на омразата и националистички пораки.
Карловачките антифашисти се обиделе да се договорат со директорите на одделни училишта да се одржат предавања за геноцидот, но директорите одбиле, со образложение дека тоа не било предвидено со постоечката програма на училиштата.
Г.Ш.
|
|