Заедничка акција на здруженија за човековите права од 15 земји
Петиција во организација на ХОПС
Здруженијата за човековите права од 15 земји, на 30 ноември започнаа со собирање потписи за петицијата за препознавање на насилството против сексуалните работници и за неговото санкционирање како кривично дело. Иницијативата, која ќе трае од 1 декември - Светскиот ден за борба против СИДА, до 10 декември – Меѓународниот ден за човековите права, треба да укаже на врската помеѓу човековите права и ширењето на ХИВ/СИДА.
По овој повод, здржението на граѓаните ХОПС – Опции за здрав живот укажа на фактите дека проституцијата во многу земји е нелегална, дека сексуалните работници немаат пристап до образование околу ХИВ-инфекцијата и нејзината ефективна превенција. „Тие немаат пристап до ХИВ-тестови, бесплатни кондоми, медицински третман или советување. ХИВ-инфекцијата неретко е резултат на насилство, а сексуалните работници се предмет на тепање, силување, уценување, киднапирање, продавање и купување од трговците со луѓе” - стои во соопштението на ХОПС, каде, меѓу другото, се наведува и дека „полицијата не ги заштитува овие луѓе, туку напротив, многу често ги уценува, бара од нив сексуални услуги и ги користи кондомите најдени кај нив како доказ против нив”.
МИА
|
|