ФИООМ и Метаморфозис

Подобро спроведување на законите

Во текот на јули, во организација на Фондацијата Институт отворено општество – Македонија и фондацијата Метамор­фозис, се организираа две работни средби посветени на подобрување на спроведувањето и примената на три акти: Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, Законот за безбедност на класифицирани информации и Законот за заштита на личните податоци.

Посебна целна група беа новинарите кои разменија искуства во врска со прашањата што произлегуваат од праксата. Друга целна група беа банките, осигурителните компании, операторите за фиксна и мобилна телефонија, интернет и каблеските провајдери, чии претставници дискутираа за приватноста и политиките за приватност.  Средбите се организираа во соработка со Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информаци од јавен карактер, Дирекцијата за заштита на личните податоци и Дирекцијата за безбедност на класифицираните информации.

М.И.