НА 20 ЈУЛИ СЕ ПРОСЛАВУВА ПРВИОТ УСПЕХ НА МИСИЈАТА АПОЛО

Денот кога човекот зачекори меѓу ѕвездите

На 20 јули 1969 година, човештвото се вивна помеѓу ѕвездите. На тој датум, секоја година се прославува првиот чекор на еден човек на друга површина во вселената.

Шест часа откако на тој датум (беше католички Велигден) се лансира лунарниот модул наречен „Орел”, Нил Армстронг зачекори на тлото на Месечината. Неговите зборови „Ова е мал чекор за мене, но голем за човештвото”, ќе бидат цитирани во различни прилики и по различни поводи во текот на наредните години. Двајцата астронаути, Нил Армстронг и Баз Олдрин, поминаа 21 час на Месечината од каде донесоа неколку десетици килограми камења од нејзината површина. Но, не само камења – тие со себе донесоа историски придобивки. Човештвото се „одвои” од својата матична планета и многу напори оттогаш се направија за развој на технологијата и за вселенските истражувања.

Но, оваа историска прошетка на Месечината често пати се доведува во контекст со настаните на Земјата и со „приземните” проблеми и процеси што се случуваат на неа. Симболиката на човекот што ја освојува вселената, а не може да ги реши проблемите на гладта, сиромаштијата и смртоносните болести на Земјата и контрастот меѓу човекот-освојувач на планетите и луѓето кои се борат за основните човечки права, се навистина преголеми. Но, и покрај с$, првиот чекор на човекот на Месечината секогаш ќе претставува симбол на истражувачкиот дух, на прогресот и напредокот на човечкиот ум, на развојот на знаењето, техниката и науката, како и на вечниот стремеж  да се полета во височините и да се осознае непознатото.