Индија

Паровите заболени од СИДА ги одржува во живот надежта за љубов

Индиските “стројници” им помагаат на болните од ХИВ/СИДА да најдат партнери, објавувајќи колумни во неделните весници во кои се бараат брачни парнери и се договараат свадби. “Строј­ни­ците” ги пишуваат огласите, ги чуваат во тајност идентитетите на идните невести и младоженци и договараат предбрачно советување за паровите, кои треба да се соочат со остатокот од својот живот со присуство на фаталната болест.

Сепак, петте милиони Ин­ди­ј­ци болни од ХИВ/СИДА се со­очу­ваат со злобни предрасуди. Ги отпуштаат од работа, се­мејството, пријателите и со­седите ги отфрлаат, немаат пристап до болничките креве­ти, а понекогаш одбиваат и да ги лечат.

Исто така и вдовците заразени со ХИВ/СИДА се соочуваат со двоен срам во земјата, ка­де некои жени се изолираат од секојдневниот живот от­ка­ко нивните сопрузи ќе по­чи­нат. А, да замолите некого да остане со вас до крајот на жи­вотот кога знаете дека умирате е навистина тешко. 

 

Обединети нации

Најнов извештај на Милениумските реазвојни цели 2005

Во предвечерјето на Самитот Милениум+ кој ќе се одржи во септември оваа година во Обединетите нации, интерагенциската и експертската група за показателите на Милениумските развојни цели (МРЦ), предводена од Одделот за економски и социјални прашања при Секретаријатот на Обединетите нации, го изготви Извештајот на МРЦ за 2005. Во извештајот детално се зборува за напредокот, или подобро кажано, за недостатокот на напредок во остварувањето на осумте цели на МРЦ, како и за тоа колкав напор е потребно да се вложи за нивно остварување. Извештајот претставува најсеопфатна анализа извршена досега за тоа до каде е стигнат светот во поглед на остварување на овие цели. Додека некои земји се на вистински пат да ги остварат целите, други, како на пример земјите од Африка кои се простираат подолу од Сахара, далеку заостануваат и ним ќе им биде потребен огромен напор и силна акција. Целосниот извештај е достапен: http://www.globalpolicy.org/msummit/millenni/2005/05mdgreport2005.pdf

 

Кампањата за контрола на оружјето

Извозот на оружје од страна на Г8 ја разгорува злоупотребата на човековите права

Амнести Интернешнал, Оксфам и Меѓународната Акциона мрежа за мало/ситно оружје (ИАНСА) издадоа нов извештај како дел од нивната тековна Кампања за контрола на оружјето. Извештајот е издаден во предвечерјето на средбата Г8 на Министрите за надворешни работи која ќе се одвива на 23-24 јуни во Лондон и открива како земјите од Г8 – Канада, Франција, Германија, Италија, Јапонија, Русија, Велика Британија и САД се’ уште поддржуваат набавка на воена опрема, оружје и муниција во дестинации каде тоа би продонело за тешки злоупотреби на човековите права. Извештајот отворено бара од Г8 да го поддржи предлогот на владата на Велика Британија и десет други земји за потпишување Договор за трговија со оружје. Примерок од извештајот можете да најдете на http://amnesty-news.c.topica.com/maadE68abh2YYbeCQ2fb.

Судан

Нови воздушни пратки за Дарфур

Норвешката црковна помош (НЦА) испрати пет авиони во Дарфур во текот на јуни со цел да ги подготви своите кампови за сезоната на дождовите. Ова е најголемата воздушна пратка за толку краток временски период што Норвешката црковна помош ја има испратено во Дарфур од почетокот на кризата која ескалира во февруари 2004 година.

Првиот лет тргна од Дубаи на 21 јуни и носеше 10.000 големи најлонски покривки, кои можат да се употребат како водоотпорни засолништа за луѓето од Дарфур. Авионот слета следното утро во Нијала, главниот град на Јужен Дарфур. Останатите четири лета потоа беа испратени во Дарфур во текот на следните четири недели, а се пренесоа уште 10.000 најлонски покривки, 36.800 ќебиња, 49.000 големи мрежи за комарци, медицинска опрема и лекови, две теренски возила и 25 тони БП-5 (бисквити за итни потреби). При пристигнувањето во Нијала, предметите се транспортираат со помош на камиони до специјалните дистрибутивни центри, а потоа до местото каде се најпотребни. Норвешката црковна помош работи на вкупно 33 различни локации во суданската западна провинција која највеќе страдаше од војната, каде раководи со глобалната екуменска програма за помош под закрила на АЦТ/Каритас. Во последните 12 месеци оваа програма обезбеди најразличен вид помош за 467.000 луѓе во Дарфур.