Програми за подобрување на квалитетот на животот на слепите
Да се живее независно е основно човеково правоОспособеноста на слепите лица за сигурно и независно двиижење е прв предуслов за нивна успешна интеграција во општеството. Доколку не научат самостојно да се ориентираат и движат наоколу, слепите лица остануваат изолирани или зависни од други. На почетокот на деведесеттите години беше основано Хрватското здружение за дресирање кучиња-водичи и за мобилност, единствена невладина и непрофитна организација, која во Хрватска спроведува целокупна програма за ориентација и мобилност на слепите лица, што опфаќа користење на техниката на белиот стап и движење со помош на куче-водич. |  |
|