НАСТАНИ
РЕГИОНАЛНА СОРАБОТКА
ОРТ
Македонско-грчки партнерства на 21 век
Здружението за информации и одржлив развој – ОРТ (со седиште во Прилеп и канцеларии во Скопје и Кичево), неодамна организираше четиридневна билатерална конференција на невладини организации и локални самоуправи од Република македонија и Република Грција, чија цел беше поттикнување на нови идеи, иницијативи и соработка меѓу невладиниот сектор и локалните власти.
Конференцијата претатавуваше всушност завршна фаза на проектот „Креирање на македонско-грчки партнерства на 21 век” што ОРТ го реализираше во текот на годинава. Проектот беше поддржан од Програмата за прекугранична соработка на ФАРЕ. На конференцијата учествуваа 20 претставници на невладини организации и 18 претставници на локалните самоуправи (градоначалници, претседатели на совети на општините и советници) од македонија и Грција, како и претставник на Стопанската комора на Серес и еден бизнисмен од Костур, Грција. На оваа Конференција се донесоа повеќе заклучоци, меѓу кои дека поради досегашната информациска затвореност на двете држави, организациите имаа тешкотии во воспоставувањето контакти и партнерства; дека постои голема желба и потенцијал за соработка и партнерски проекти од сите фактори, но постои потреба тоа да биде регулирано со правни акти, со користење на стекнатите искуства од меѓународната соработка; потребите од заеднички интерес на двете држави, за кои може заеднички да се делува се институционалното јакнење на организациите и локалните самоуправи, инфраструктурните проблеми, водоснабдувањето, третманот на комуналниот отпад, заштитата на животната средина, изработка на заеднички акциони планови за развој на регионот, размена на информации и технологии и друго. Проеритет на соработката е даден за заштитата на Преспанското Езеро, подигнување на јавната свест преку кампањи, спречување на малолетничката деликвенција и трговијата со жени. На Конференцијата беше промовиран адресар на НВО од пограничниот регион на Република македонија, наречен „Водач”, со над 110 здруженија, објавен на три јазици: македонски, грчки и англиски, како и новата веб-страница: www.ort.org.mk, кои ги изготви ОРТ. Од ОРТ се надеваат дека оваа конференција и контактите остварени на неа можат да бидат основа за идно креирање на прекугранични развојни проекти за подобрување на локалните заедници од двете држави, како и размена на искуства и знаења. М.И.
|