Иницијатива

Нов фонд за Балканот

Европскиот фонд за Балканот е нова иницијатива за поддршка на граѓанските организации и граѓанското општество во овој регион. Иницијативата потекнува од неколку европски организации: Фондацијата Роберт Бош, Фондацијата Крал Бодуен, приватната фондација Дие ЕРСТЕ осереиш сперкејс (Дие ЕРСТЕ Осерреицхе Спарцассе), Кампања ди Сан Паоло (Цампагние ди Сан Паоло) и други. Тие здружуваат средства за да овозможат граѓанските организации од Западниот Балкан поактивно да се вклучат во процесот на евроинтеграцијата.

Фондот ќе биде лансиран во текот на 2007 година. Тоа ќе биде оперативен фонд и ќе дава грантови, а ќе биде отворен за Албанија, за Босна и Херцеговина, за Хрватска, за Македонија, за Србија со Косово и за Црна Гора.

М.И.