Македонски институт за медиуми
Избор на медиум којшто во 2006 г. дал најголем придонес за развојот на граѓанското општество
Македонскиот институт за медиуми (МИМ) ја започна иницијативата за избор на медиум којшто во 2006 г. дал најголем придонес за за развојот на граѓанското општество. Иницијативата е во рамките на Проектот за зајакнување на граѓанското општество.
Започнувајќи од 12 септември, сите граѓански организации коишто се регистрирани во Македонија како здруженија на граѓани, фондации или канцеларии на странски организации ќе можат да гласат за медиум којшто според нивното мислење дал најголем придонес за развојот на граѓанското општество во 2006 година.
Изборот ќе трае до 10 декември, а добитникот на наградата ќе биде објавен кон крајот на годината. Формуларот за гласање треба да биде пополнет од директорот на организацијата или од одговорниот за односи со јавноста. Секоја организација има право на еден глас. Сите заинтересирани организации можат да добијат детални информации околу изборот на посебниот линк за гласање до којшто најлесно се стигнува преку веб-страницата на МИМ њњњ.мим.орг.мк.
Проектот за зајакнување на граѓанското општество трае три години и е финансиран од УСАИД, а се спроведува од страна на конзорциумот предводен од Институтот за трајни заедници (ИТЗ), Македонскиот институт за медиуми (МИМ), Центарот за институционален развој (ЦИРа) и Европскиот центар за непрофитно право (ЕЦНЛ).
Г. Шабани
|
|