Мобилизација на ресурси ИВ
При избор на стратегијата за мобилизација на ресурси потребно е да се направи поценка на одредени аспекти на опкружувањето, капацитетите и јаките страни на организацијата.
Што треба да се процени?
ќ Какви ресурси се потребни?
ќ Кои ресурси се веќе на располагање? Колку пари и време можеме да инвестираме во мобилизација на ресурси?
ќ Кои се локалните навики за давање (индивидуални и корпоративни)?
ќ Кои се трендовите во меѓународната поддршка (официјална меѓународна поддршка, приватни фондации)?
ќ Дали имаме доволно вештини за фандрејзинг (собирање средства)? Доколку не, како можеме да ги најдеме или стекнеме?
ќ Како поширокото опкружување, на пример правната рамка, влијае на непрофитниот сектор и напорите за мобилизација на ресурси?
Кои се јаките страни на успешните организации во мобилизација на ресурси?
ќ? Јаки релации со локалната заедница
ќ? Фокусот на мобилизацијата на ресурси не е само на себеси
ќ? Пристап до форми на сигурно финансирање
ќ ?Кохерентна мисија и цели коишто се широко прифатени
ќ? Сметководствени системи коишто осигуруваат дека ресурсите завршуваат онаму за каде биле наменети
ќ? Воспоставени канали/процедури за редовна комуникација со донаторите и потенцијалните донатори кои обезбедуваат транспарентност и отчетност
Кои се некои од стратегиите за мобилизација на ресурси?
- Донаторско финансирање
Донаторското финансирање кај нас досега се сметаше дека е полесната или преферираната опција за граѓанските организации, меѓутоа, има голем број причини зошто не можеме да се потпреме само на овој тип финансирање. Главната причина е промената во фокусот на донаторите. Исто така, граѓанските организации трпат од промените на приоритетите на донаторите. За да се намали зависноста, добро е да се направи диверзификација на донаторите.
Заработен приход од наплати, продажби и тендери
Наплатата на услуги и продажбата на производи претставува основа за генерирање приходи. Нудењето услуги и производи на комерцијална основа треба да биде внимателно промислено зашто граѓанските организации имаат развојна мисија. Во вакви ситуации често може да дојде до значително оддалечување од мисијата.
Пријавувањето на тендери е уште една можност. Тендерите најчесто се многу специфични и тендерските документи даваат прецизно објаснување за тоа што се бара. Предлогот треба да даде објаснување на кој начин треба да се спроведува испораката, зошто вие би биле добри во тоа и цената за работата. Ова тогаш ја формира основата за вашиот договор доколку вие ја добиете работата, и затоа би требало да посветите соодветно внимание во подготовката на предлогот.
- Членарина
Некои организации наплаќаат членарина од нивните членови за покривање на трошоците за водење на организацијата. Ова значи дека членовите треба да имаат некаква корист од плаќањето на членарината - често ова вклучува намалени цени за други услуги, продукти или курсеви, или претплата на списание, билтен или весник што инаку се продава по повисока цена.
Членарините можат да донесат поголеми приходи ако: имате широко членство и понудите уникатна или квалитетна услуга.
- Јавно собирање средства
Јавното собирање средства може да подразбира: директни повици преку пошта, специјални настани (како прославите за „Денот на Европа”), собирање на улица, собирање во кутии, собирање од врата на врата итн.
Клучното прашање за јавното собиање средства е имиџот на вашата организација.
Сунчица Саздовсака Раководител на Одделението за граѓанско општество и демократија МЦМС
|