КОМЕНТАР
ЗАЕДНО ЗА ТРАНСПАРЕНТНОСТОдморите дојдоа и си отидоа. Кој во земјата, кој надвор од неа, барем за малку (некој) заборави на тоа што се случуваше во изминатиот период. Олимпијадата ја пречекавме и ја испративме. Освен за политичките бранувања што се случуваат кај нас (а тоа веќе стана како мода, за што никој веќе не се изненадува), многу се зборува и за граѓанскиот сектор. Кој колку троши, каде одат парите, кој колку зема, кој и зошто н$ финансира, и ред други прашањата кои им се насочуваат на граѓанските организации одвреме навреме. |  |
|