УНЕЦЕ

Водич за инвентарот на емисија

Економската комисија за Европа на ООН - УНЕЦЕ (УНЕЦЕ) го издаде третото издание на Водичот за инвентарот на емисија. Овој водич има за цел да обезбеди помош во изготвувањето методологии за следење и известување за состојбата со емисијата на различни гасови во атмосферата. Водичот ги следи препораките на Конвенцијата за прекуграничен транспорт на загадувачки материи преку воздухот на поголеми растојанија, која ја изготви УНЕЦЕ, а дизајниран е и според пропозициите на Директивата на Европската Унија која се однесува на максимално ограничување на емисиите во воздухот на национални нивоа.

Водичот може да се погледне на веб-страницата на УНЕЦЕ, како и на страницата на Европската агенција за животна средина (ЕЕА):  њњњ.ееа.еу.инт.

М.И.