Роденден на ревијата “Екологија”

Поминаа 10 години од првиот број 

Централната прослава од одбеле­жу­вањето на 10-годишнината од првиот број на Ревијата “Екологија”, се одржа во Домот на АРМ во Скопје, на 10 јуни. Пред насобраните гости директорот на “Екологија”, Свето Стефановски,  се обрати изјавувајќи: “Уште во 90-тите, со помасовното појавување еколошки друштва, растеа потребите од постоење на еден ваков информатор. Така, од појавувањето на Ревијата ‘Екологија’ во 1994 година па до денес, ние континуирано пополнуваме една празнина - информираме за она што се случува на полето на заштита на животната средина во земјава и надвор од неа, и за активностите на еколошките друштва. ‘Екологија’ претставува место отворено за сите здруженија на граѓани кои се занимаваат со заштита на животната средина, но, преку нашата соработка со владините институции, тука влегуваат и информации и од активностите на соодветните министерства, пред с$ на Министерството за животна средина и просторно планирање. Ова издание е место и за сите ваши ставови!”

По повод  јубилејот, Македонски пошти издаде поштенска марка со тема Екопарк Преспа.

Д.М.