жени

 

ИЗЛОЖБА И ДЕБАТА

 

Жените активистки пречекоруваат граници

 

Во Културниот простор “Точка” во Скопје (ул. “Илинденска” 38) е во тек изложбата на црно-бели уметнички фотографии - портрети на жени, од францускиот фотограф Филип Барзин. Изложбата насловена како “Жените активистки во акција за пречекорување на границите” е дел од истоимениот проект, кој има за цел да го промовира женскиот акти­визам за градењето на мирот, ста­билноста и соживотот на балканскиот регион.

 

Во рамките на овој проект, на 1 овој  месец се одржа и дебата, во истиот простор, на темаКаде престанува патриотизмот, а каде почнува национализмот”.

Овој проект, чиј дел беше и карванот на жени кој ги посети местата на конфликтот и надежта, зафатени со војната што доведе до распад на бившата СФРЈ, во Македонија го реализираат Фондацијата Институт отворено општество - Македонија и француската организација Трансеуропеан. Проектот, во траење од 3 години, Трансеуропеан го спроведува во бившите републики на СФРЈ и во Албанија, со локални партнери. Проектот е финансиски поддржан од Европската унија, од Француското министерство за надворешни работи и од Фондацијата Чарлс Стјуарт Мот.

 

М.И.