Новина во Македонија
Во Македонска Каменица се произведува првиот домашен биодизелЗдружението на лица со хендикеп „Ѕвезда” од Македонска Каменица веќе неколку години е единствениот производител на биодизел во Македонија. Производството е сe уште во експериментална фаза и е дел од проектот „Одржливо производство на биодозел од отпадно масло за јадење”, финансирано од ГЕФ, а горивото е наменето за Здружението на жени земјоделки „Агро-Винка”. Целокупната технологија според која се произведува еколошкото гориво е на Благој Михаиловски, претседател на „Ѕвезда”, кој заедно со својот брат, уште во средношколските денови се заинтересирал како од различни масла се произведува гориво. |  |
|