Со потпис и на “Меѓаши”
ОН ќе добие претставник за борба против насилството врз децата
Првата детска амбасада во светот „Меѓаши” на крајот на ноември посочи на донесената одлука на Генералното собрание на ОН за воведување на институцијата Претставник на генералниот секретар на Светската организација за борба против насилството врз децата, чија задача е да укажува на сите облици на насилство врз децата и да бара нивно отстранување.
Претставникот ќе треба да го поттикнува ширењето на моделите на добри практики и примери, да помага во координацијата и комуникацијата помеѓу организациите на ОН, државите, невладините организации и децата. Одлуката е изгласана од претставниците на 176 земји членки на ОН, ниту една земја членка не била воздржана, а само САД биле против. Над 1.000 граѓански организации од 134 земји, меѓу кои и „Меѓаши”, ја потпишале петицијата за воспоставување на споменатиот претставник во ОН.
К.Б.
|