кампања ГРАК!

Поддршка на невладиниот сектор во Хрватска

Во рамките на проектот “Поддршка на невладиниот сектор”, невладини орга­­ни­зации со различен сектор на дејствување во Хрватска, ја организираа кампањата ГРАК – Граѓански активизам, која се спрове­дуваше од 15 до 30 мај оваа година. Во кампањата чија цел е зголемување на видливоста и подобрување на перцепцијата за невладините организации во земјата, како и зајакнување на влијанието на целиот невладин сектор на општествените движења, учествуваа 20 невладини организации. На 22 мај во Загреб се одржа централната манифестација, со поставен инфоштанд со промотивен материјал од кампањата, а невладините организации имаа можност да комуницираат со граѓаните за своето  работење и за можнос­тите за вклучување во граѓанските иницијативи.

Г.Ш.