ИНТРАК

Оценка на влијанијата на градењето капацитети на организациите

Меѓународниот центар за обука и истражувања (ИНТРАК), хума­ни­тарна организација со седиште во Велика Британија, ја издаде публикацијата “Кревајќи се кон предизвиците: Оценка на влијанијата на градењето капацитети на орга­низациите”. Публикацијата е дело на авторите Џон Хејли, Рик Џејмс и Ребе­ка Ригли, а нуди краток преглед на модерното размислување и прак­тики во врска со оценката на влијанието на интервенциите во градењето капацитети на организациите, а наедно ги иден­ти­фикува и идните предизвици. Публикацијата зборува за потребата од подобро разбирање на одредени карактеристики на оценката на влијанието на градењето капацитети на орга­ни­за­циите, како и за потребата од генерирање и документирање иновативни, прилагодливи и достапни пристапи. Публи­ка­ци­ја­та е достапна na http://www.intrac.org/intrac/prahispapers_en.html.

Т.Х.

 

УНИЦЕФ

 

Пораст на сиромаштијата кај децата во богатите земји

На 1 март 2005 година УНИЦЕФ издаде извештај во кој се вели дека процентот на децата кои живеат во сиро­маш­ти­ја се зголемил во 17 од 24-те испитани индустриски зем­ји. Изненадувачки, САД, со 21,9% сиромаштија кај децата, се најдоа на дното на листата, заедно со Мексико (27,2%). Помеѓу земјите од Европската Унија, нама­лу­ва­ње­то на сиромаштијата кај децата е забележано само во Фран­цција, во Грција и во Велика Британија. Италија (16,6%), Ирска (15,7%) и Португалија (15,6%) се земји со најви­со­ка стапка на сиромаштија кај децата во Европа. Од друга страна, на скалата на сиромаштија се наоѓаат нор­дис­ките земји. Данска е на врвот со само 2,4%, а по неа сле­дува Финска со 2,8% стапка на сиромаштија кај деца­та, како резултат на капацитетот на владата да инвестира во социјалните трошоци на одржлив начин.

 

 

Движење за човекови права

Почина Питер Бененсон, основач на Амнести интернационал

Питер Бененсон, основачот на светската организација за чове­кови права Амнести интернационал (Амнестѕ Интернатионал), почина на 25 февруари 2005 година. Бененсон ја основа и инспирира Амнести интернационал во 1961 година како едногодиша кампања за осло­бодување на шест затвореници на совеста. Од таа кам­па­ња произлезе светското движење за човекови права, а во не­го­вите рамки и меѓународната организација - Амнести интернационал, којашто ги презеде случаите на илјадници жртви на нару­шу­вање на човековите права, а исто така инспирира и мили­о­ни бранители на човековите права во целиот свет. Во текот на својот живот, Бененсон посвои сираци од Шпанската граѓанска вој­на, врати многу Евреи кои пребегале во Британија од наци­с­тич­ка Германија, набљудуваше судења како член на Друштвото на трудови адвокати, го помогна основањето на организацијата “Правда” и ја основа Организацијата на луѓето со абдоминална болест. Денес, во 44-тата година од постоењето, Амнести интернационал стана најголемата независна организација за чо­ве­кови права во светот, со повеќе од 1,8 милиони членови и при­врзаници во целиот свет.                                           Т.Х.