МРФП
Македонската развојна фондација за претпријатија е основана во 1998 г. со главна цел за поддршка на можностите за вработувања и развој на микро и малите бизниси. Заемите се дел од Програмата за финансиски услуги на МРФП.
Од основањето до денес, МРФП преку финансиските посредници пласирал близу 11.400.000 евра, до 2516 клиенти.
Како до заем од МРФП
Секој заинтересиран за заемот тип 1, 2 или 3 може бесплатно да го подигне информативниот пакет во Извозна и кредитна банка А.Д. - Скопје, Тутунска банка А.Д. - Скопје и Штедилницата “Можности”. Тој содржи: брошура во која се наведени условите и критериумите на заемите; писмо со обраќање од финансиската институција во кое е наведена потребната документација за поднесување барање за заем; писмо од МРФП со листа на ангажирани советодаватели и обрасци за заем по одделни типови. По комплетирањето на документацијата, барањето за заем треба да се достави во една од финансиските институции, која е должна во рок од 4 недели (заем тип 2 и 3), односно 8 недели (заем тип 1), да го извести барателот за одлуката.
Комплетниот ризик, со тоа и одговорноста за одлуката по барањата, е на Товар на финансиските институции, додека Раководството на МРФП врши само надгледување на исполнувањето на пропишаните критериум и услови, како и на наменската употреба на заемот.
Симулација на заем
д Износ: 10.000 евра исплатени на 15.01.2003 година
д Период на враќање: 5 години со 1 година грејс--период
д Каматна стапка: 9% со тримесечна отплата
|
|