Одржани годинешните “Денови на Собранието”

Децата се обратија од собраниската говорница

Во рамките на манифестацијата “Денови на Собранието”, Дет­ски­от парламент на Македонија - ДПМ во македонскиот законодавен дом одржа своја симулација на работењето на Парламентот. На симулацијата учествуваа 120-мина деле­гати од претставништвата на ДПМ во целата држава. На седницата де­цата - парламентарци ги потенцираа темите на кои тие мислат дека треба возрасните парламентарци да деба­ти­раат: сексуалната злоупотреба на мало­летните деца, малолетничката прос­титуција како и педофилијата. Де­цата покажаа интересирање и за корупцијата во образовниот систем, оценувањето во училиштата, лошата комуникација меѓу учениците, настав­ни­ците и родителите, насилството во училиштата, уписната политика за средното и високото обра­зо­ва­ни­е, заштитата на малолетните од полициска агресија, пре­оптовареност со наставните програми, точење алкохол на малолетници на јавни места, заштита од дрога и други. По исцрпувањето на главната тема на работниот дел,  кршењето на дет­ските права, на крајот од симулативната седница беше до­не­сена Декларација против злоупотребата на децата. Во свечениот дел на симулативната седница им беа доделени плакети со амбле­мот на ДПМ на претседателот Бранко Црвенковски и на прет­се­да­те­лот на Собранието Љупчо Јордановски.

По завршувањето на парламентарната седница младите парламентарци одр­жаа и митинг против злоупотребата на децата пред Собранието, и дефиле од Собранието до плоштадот “Маке­до­ни­ја”. Дефилето заврши во Летната сцена на Градскиот парк во Скопје со екопарадата на тема “Децата сакаат да живеат во чиста еколошка сре­ди­на”. 

Детскиот парламент има 50 канце­ла­рии низ Македонија, од кои осум се во Скопје, во чиј состав функционираат повеќе клубови на млади парла­мен­тар­ци, млади дипломати и млади мисионери. За почетокот на јули годинава е најавено традиционалното одржување на меѓу­на­род­ни­от камп “Мир и љубов за децата и младите” во Охрид, и одржување на Балканскиот детски конгрес во Скопје кон крајот на октомври, кога ќе се формира и балкански детски пар­ла­мент.     

С.Н.