УСАИД

Индекс на одржливост на НВО за 2006 година

Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД) го издаде десеттото издание на Индексот на одржливост на НВО, што претставува клучна аналитичка алатка, која го мери напредокот на граѓанските организации (НВО) во регионот на Европа и Евроазија. За повеќе информации, посетете ја страницата хттп://њњњ.усаид.гов/лоцатионс/еуропе_еурасиа/дем_гов/нгоиндеџ/2006/индеџ.хтм

Стипендии

Национална дотација за демократија

НДД прима апликации за Реаган-Фасцелл Демоцрацѕ Феллоњс Програм, заснована врз Меѓународниот форум за демократски студии на НДД во Вашингтон. Рокот за пријавување е 1 ноември. Програмата е првенствено наменета за поддршка на практиканти и научници од нови и амбициозни демократии. Нуди петмесечни стипендии за практиканти  за подобрување на стратегиите и техниките за градење демократија во странство и пет до десетмесечни стипендии за научници за спроведување оригинално истражување за публикација. Практикантите може да вклучуваат активисти, правници, новинари и други професионални лица од граѓанското општество; научниците може да вклучуваат професори, истражувачки аналитичари и други писатели. Проектите може да се фокусираат на политички, општествени, економски, правни и културни аспекти на демократски развој, како и на низа методологии и пристапи. За повеќе информации, посетете ја њњњ.нед.орг.

Меѓународна асоцијација за развој

Граѓанските организации се од витално значење за достигнувањата на ИДА

Во својата работа во земјата, на регионално, како и на глобално ниво, Меѓународната асоцијација за развој (ИДА) остварува тесна соработка со клучните партнери. ИДА се консултира и соработува со голем број граѓански организации од целиот свет, со луѓе од локалните заедници, со организации и со фондации - хттп://њеб.њорлдбанк.орг/ЊБСИТЕ/ЕЏТЕРНАЛ/ТОПИЦС/

ЦСО0,,цонтентМДК:21370903чпагеПК:220503чпиПК: 220476чтхеСитеПК:228717,00.хтмл.

Светска банка

Зајакнување на улогата во владеењето и антикорупцијата

Во периодот помеѓу ноември 2006 година и јануари 2007 година, групацијата на Светската банка изврши глобална мултиакционерска консултација за својот  стратешки документ под наслов „Зајакнување на улогата на Светската банка во владеењето и антикорупцијата”, достапен на интернет-страницата хттп://њњњ.њорлдбанк.орг/хтмл/еџтдр/цомментс/говернанцефеедбацк/гацпапер-03212007.пдф. Повеќе од 3.200 претставници на влади, граѓанското општество, донаторските агенции, парламентите и приватниот сектор, учествуваа во консултациите што се одржаа во 37 земји во развој и 12 развиени земји, како и на четирите глобални дијалози во облик на средби и работилници „лице в лице”, преку видеоконференции и контактирање преку интернет-страницата на Светската банка. Заклучоците од консултациите во облик на извештаи беа доставувани до Извршниот одбор на директорите на Светската банка и помогнаа во информирањето околу ревидираниот стратешки документ, кој, пак, беше едногласно изгласан од страна на одборот во март 2007 година. Стратегијата за владеење и антикорупција (ГАЦ) се заснова на седум водечки принципи. Повеќе информации ќе најдете на хттп://њеб.њорлдбанк.орг/ЊБСИТЕ/ЕЏТЕРНАЛ/ТОПИЦС/ЕЏТГОВАНТИЦОРР/
0,,цонтентМДК:21447906чпагеПК:210058чпиПК:210062чтхеСитеПК:3035864,00.хтмл.