календар

1 септември: Ден на рударите

Рударскиот еснаф го прославува својот ден, првиот датум во септември. Ова е повод да се потсетат надлежните на активности за подобрување на условите за изведување на оваа тешка професија.

 

6 септември: Ден на исчезнатите лица

Огромен е бројот на луѓето кои се водат под категоријата „исчезнати” во целиот свет. На овој ден нивните блиски, како и здруженијата кои работат на овој проблем, ги повикуваат надлежните на поголем ангажман.

 

15 септември: Да дадеме прва помош

Првата помош спасила многу животи. Затоа, на денот посветен на првата помош треба да се потсетиме на нејзиното значење, а особено на едуцирањето на секој поединец да ја применува во својата околина.

 

16 септември: Да го заштитиме озонскиот штит

Денот посветен на заштитата на озонската обвивка треба да биде повод за акција, зашто времето на апелите помина. 

 
18 септември: Ден на геолозите

Геолошката наука е од основно значење, таа треба да се развива и унапредува. Кај нас, за жал, на неа не & се посветува речиси никак­во внимание.

 

20 септември: Ден на мирот

Меѓународниот ден посветен на мирот во светот е повод сите да се подигнеме против војните кои се случуваат насекаде низ светот. 

 

22 септември: Без автомобили

Европската Унија овој ден го посвети на одењето пеш, и со други помагала, но без автомобили.

 

26 септември: Ден на јазиците

Европа го посвети овој ден на јазиците кои се говорат на стариот континент. Различноста на јазиците и на културите Европа го смета за свое важно културно наследство.