ПУБЛИКАЦИИ
Односи со медиумите – Прирачник за граѓански организации
Објавен е четвртиот број на Балкански граѓански практики, под наслов Односи со медиуми – Прирачник за граѓански организации. Прирачникот има намера да даде одговор на најчесто поставуваните прашања, сомнежи и погрешни мислења за медиумите, во процесот на соработка и комуникација со нив. Базиран е на забелешките подготвени на работилниците за односите со медиумите за ГО, одржани во Тирана и во Нови Сад, во рамките на програмата Балканска мрежа за развој на граѓанското општество БЦСДН (БЦСДН), спроведен од МЦМС. Публикацијата е објавена на македонски, албански, српски и англиски јазик. Финансиски е поддржан од ЕУ, неговата печатена верзија е достапна во МЦМС, а електронската на веб- страницата на мрежата БЦСДН хттп://њњњ.балканцсд.нет.
Ресурси Манго
На веб-страницата њњњ.манго.орг можат да се најдат нови материјали од интерес на здруженијата на граѓани. Ресурси Манго е дополнет со нови упатства подготвени од Програмата за мали грантови - Светска банка. Упатствата содржат материјали што се однесуваат на различни области: подготовка на предлог-проекти и нивно спроведување, финансиски системи, буџетирање, надгледување и оценка и известување. Тие се насочени кон едуцирање и јакнење на капацитетите на организациите и можат значајно да им помогнат за прибирање средства.
|
|