Коалиција Европа

Повик за информации и извори за борба против злосторствата од омраза

Коалицијата Европа, нова платформа на европските НВО за човекови права, неодамна лансираше паневропска кампања против злосторства од омраза и бара дополнителни информации во врска за злосторствата од омраза за делот „ресурси” на нивната вебстраница.

Нејзина цел е да им помогне на жртвите на тој вид злосторства и на НВО кои работат на тоа поле, во борбата против истите. Коалицијата Европа бара: организации што се борат против злосторства од омраза (име, вебстраница и информации за контакт), Интернет-публикации на соодветната тема (на пример, борба против злосторства од омраза, податоци за злосторства од омраза, помош на жртви, прирачници за обука, итн...), Интернет-публикации со информации за помош на жртвите (на пример, алатки за самопомош и сл.). За повеќе информации, посетете ја страницата на коалицијата Европа њњњ.цоалитионеуропе.орг или контактирајте ги на: info@coalitioneeurope.org