СЕМИНАР
Жените и конфликтите
Во организација на Фондацијата Институт отворено општество – Македонија на 16 и 17 октомври во Културниот центар “Точка” во Скопје, се одржа семинар со наслов “Женското искуство во конфликтниот и постконфликтниот период”. На семинарот беше претставено искуството на 50-тина жени од сите поранешни републики на СФР Југославија и од Албанија, кои пред две години учествуваа во карван што ги посети местата опфатени со конфликтите на овие подрачја. Тоа женско искуство беше прикажано и на документарен филм снимен во организација на “Трансеуропеен”, партнерската организација на ФИООМ во спроведувањето на овој проект.
Покрај споделувањето на овој вид искуство, на семинарот беше спроведена обука за основните методи на усната историја.
М.И.
|